ДВАЈЦА ГРАДЕЖНИ РАБОТНИЦИ ЗАГИНАА ПРИ ПАД НА ПОТПОРЕН ЅИД ВО ШИПКОВИЦА

    ДВАЈЦА ГРАДЕЖНИ РАБОТНИЦИ ЗАГИНАА ПРИ ПАД НА ПОТПОРЕН ЅИД ВО ШИПКОВИЦАЗасега нема информации на каков објект работеле лицата и што е причината за паѓањето на потпорниот ѕид кој ги усмртил. (Фото: СДК.МК)

    Две лица загинаа во тетовското село Шипковица кога врз нив паднал потпорен ѕид додека работеле. Едниот од починатите работници бил од тетовското село Селце, а вториот работник бил од Република Албанија. На местото на несреќата увид извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Тетово.

    „Денеска во 15 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека две лица, А. А. (63) од тетовско Селце и Џ. Ц. (50) од Република Албанија, додека изведувале градежни работи во тетовското село Шипковица се здобиле со тешки телесни повреди од кои починале. Лекари од Итната медицинска помош констатирале смрт кај нив. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово вршат увид и се утврдуваат сите поединости поврзани со овој случај. На местото на несреќниот случај присутни се и тетовските пожарникари и претставници од Државниот трудов инспекторат“, се вели во соопштението од СВР Тетово.

    Засега нема информации на каков објект работеле лицата и што е причината за паѓањето на потпорниот ѕид кој ги усмртил.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира