Две малолетни момчиња силувале малолетна девојка од Битола со здравствени проблеми. Случајот во полиција го пријавила мајката на девојчето.
Од СВР Битола соопштија дека еден од малолетниците бил пронајден и со него бил извршен службен разговор, при што го признал делото. По целосно расчистување и документирање на настанот, како што велат од полицијата, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ж. ЗДРАВКОВСКА