ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ И ПЕТМИНА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ПРИЛЕП-РОСОМАН

    ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ И ПЕТМИНА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ПРИЛЕП-РОСОМАНДо несреќата дошло при претекнување и судар на два автомобили кои се движеле во иста насока.(Фото: СДК.МК)

    Двајца загинаа, а петмина се повредени во сообраќајната несреќа која се случи денеска околу 17 часот на патот Прилеп-Росоман во близина на село Радобил. Од Основното јавно обвинителство соопштија дека, според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судар на два автомобили кои се движеле во иста насока.

    Меѓу починатите лица е возачот на едниот автомобил. Тројца од повредените се пренесени в болница во Прилеп, а другите двајца в болница во Кавадарци.

    Јавниот обвинител од Прилеп издаде наредби за прибирање траги од лице место, а ќе биде наредено и сообраќајно и машинско вештачење на автомобилите. Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, додека кај преживеаниот возач ќе биде испитано евентуално присуство на алкохол и други супстанции. Се преземаат дејствија за утврдување на причините за несреќата.

    Од МВР соопштија дека по несреќата, од 18 часот па натаму, сообраќајот се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира