ДВАТА ПАТНИЧКИ ВОЗА ОД СКОПЈЕ ЗА БИТОЛА СЕ ВРАЌААТ ВО СООБРАЌАЈ ОТКАКО ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ БЕА НА ПОПРАВКА

    ДВАТА ПАТНИЧКИ ВОЗА ОД СКОПЈЕ ЗА БИТОЛА СЕ ВРАЌААТ ВО СООБРАЌАЈ ОТКАКО ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ БЕА НА ПОПРАВКАДвата патнички воза од и за Битола кои се враќаат во сообраќај беа укинати на 24 ноември лани. (Фото: СДК.МК)

    Од утрово повторно сообраќа патнички воз од Скопје за Битола, кој поаѓа во 6,53 чaсот, а во Битола пристигнува во 10,30 часот. Истиот патнички воз се враќа за Скопје, со поаѓањето од Битола во 18,24 часот.

    Од МЖ Транспорт за враќањето на возовите информираа со соопштение кое се најде на просториите од Железничка станица во Велес. На него на патниците им се соопштува дека од 27 март започнува да сообраќа и третиот патнички воз кој од Битола за Скопје поаѓа во 12,48 часот, а од Скопје кон Битола тргнува во 20,04 часот.

    Двата патнички воза од и за Битола кои се враќаат во сообраќај беа укинати на 24 ноември лани, од кога на оваа релација сообраќаше само еден патнички воз. Тој од Битола за Скопје тргнуваше рано наутро во 3,13 часот, а се враќаше од Скопје на пладне 14,30.

    Официјално, МЖ Транспорт никогаш не кажа јавно која беше причината за прекинот на патничкиот железнички сообраќај на релација Скопје-Битола. Но, во јануари годинава објави јавен повик за набавка на резервни делови за кинеските дизел патнички гарнитури, кој заврши на 26 јануари. Два месеца подоцна, двата патнички воза се поправени и пуштени во сообраќај.

    Од МЖ Транспрот додаваат дека патничкиот воз Битола-Жабени ќе почне да сообраќа од 27 март со важечкиот возен ред за 20223/24 година.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира