ДВЕ ГОДИНИ НЕ РАБОТИ КИНОТО ВО ВЕЛЕС ЗА КОЕ ОПШТИНАТА ПОТРОШИ 76.000 ЕВРА

    ДВЕ ГОДИНИ НЕ РАБОТИ КИНОТО ВО ВЕЛЕС ЗА КОЕ ОПШТИНАТА ПОТРОШИ 76.000 ЕВРАГрадоначалникот Марко Колев вели дека очекува киното наскоро да почне со работа. (Фото: СДК.МК)

    Велес доби киносала со најсовремена опрема за што Општината потроши 76.000 евра, но две години не е прикажан филм, освен премиерата на македонскиот „Стела“. Градоначалникот Марко Колев вели дека се разгледуваат варијантите како правно како да се реши статусот на салата и опремата, за да се прикажуваат нови филмови.

    „Многу брзо ќе донесе одлука Советот. Течат преговорите со реномирана светска куќа која има неколку кина низ Македонија и, се надевам, во добар правец. Има заинтересирано приватно лице кое би влегло во оваа работа. Се разгледуваат варијантите, правно како да се изведе, да гледаме нови американски и европски и филмови, а не стари. Очекувам дека за еден месец ќе имаме конечна одлука. Кино во Велес мора да има“, вели Колев.

    Велешкото кино „11 Октомври“ престана да работи летото 2005. Од април 2013, по добивањето на дигитален кинопроектор, филмови, пред сѐ, македонски, но и ревии на новиот француски и германски филм, се прикажуваа во Велешкиот театар. Откако во 2018 проекторот се расипа, во Велес престанаа да се прикажуваат филмови.

    Киносалата во Домот на културата „Бели мугри“ располага со дигитален кинопроектор, перфориран екран за киноприкажување од 27,5 м2 и сараунд систем за озвучување. Салата има капацитет за 240 гледачи.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира