ДВЕ ГОДИНИ УСЛОВНО ЗА МОМЧЕТО КОЕ ГО ИЗВАДИ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ОД ЈАРБОЛ ВО КУМАНОВО

    ДВЕ ГОДИНИ УСЛОВНО ЗА МОМЧЕТО КОЕ ГО ИЗВАДИ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ОД ЈАРБОЛ ВО КУМАНОВОЧетворица тинејџери на 31 март го извадија државното знаме и поставија албанско знаме вво центарот на Куманово. (Фото: СДК.МК)

    Љуан Кадриу (21) од липковското село Слупчане е осуден на условна казна од 2 години, поради тоа што го симна македонското знаме и крена албанско знаме на јарболот во центарот на Куманово.
    Во Основниот суд Куманово на Кадриу му се судеше за две кривични дела, напад на службено лице при вршење на работа од јавна безбедност и предизвикување на национална, верска и расна омраза, раздор и нетрпеливост. Кривичниот совет за двете кривични дела му утврди единствена казна од 2 години, по изречена условна осуда во периодот од 4 години да не стори било кое друго кривично дело.
    Кадриу пред судот ги признал двете кривични дела за кои е обвинет.

    Инцидентот се случи на 31 март годинава во 15.55 часот, кога четворица тинејџери го извадиле државното знаме и поставиле знаме на друга држава на улицата Гоце Делчев, пред хотелот „Кристал“ во Куманово. Додека го подигале знамето на јарболот, ги забележале полицајците во цивилка кои се обиделе да ги легитимираат, но тие ги нападнале. Во обидот да ги совладаат полицајците се здобиле со повреди по телото. Двајца од четворицата насилници побегнале, додека Л.С. (16) и Љ.К. (21) од Слупчане се приведени во полициската станица на СВР Куманово.

    Судењето на малолетникот Л.С. Се уште не е завршено, но тој не го признал делото и тврдел дека случајно се нашол на местото на инцидентот.
    Инцидентот со знамето го осудија Македонците и Албанците од Куманово, кои побараа сторителите да се казнат, за да не се повтори практиката некој од страна, во случајот од соседна општина, да се обиде да ги наруши меѓуетничките односи во градот. (С.Н.)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира