ЕДИНСТВЕН КАПИТАЛЕН ПРОЕКТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ Е ПРИТВОРОТ, ВЕЛИ СОВЕТНИЧКАТА ИЛИЕВСКА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЕДИНСТВЕН КАПИТАЛЕН ПРОЕКТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ Е ПРИТВОРОТ, ВЕЛИ СОВЕТНИЧКАТА ИЛИЕВСКА

    На градоначалникот Владимир Талески тесна ќе му биде „Широка“, за брзо, рече советничката Габриела Илиевска од ВМРО-Народна Партија од советничката говорница во Битола. „Широка“ е улицата со чие асфалтирање прво се пофали Талески откако беше пуштен од куќниот притвор. Ваквиот говор на Илиевска наиде на негодување кај советниците од власта, на што таа им се обрати „не би сакала вие колеги да знаете колку е тесна Широка”.

    „Во мај јавно кажав дека од општината се одземени документи, а тој излезе и рече не е точно. Реков дека го повикаа од обвинителството, а тој рече дека не е. Не смееше да потпишува документи од дома, тој вели смеам. Е сега судот го враќа притворот на Талески назад, па да видиме кој со инвеститорите работел 24/7“, рече Илиевска.

    Советничката Габриела Илиевска обвини дека во Битола не е реализиран ниту еден капитален проект.

    Советничката Габриела Илиевска обвини дека во Битола не е реализиран ниту еден капитален проект.

    На ова, претседателката на Советот и порача да се држи до дискусијата на точката на дневен ред за ребалансот на буџетот.

    „Еден капитален проект не е направен во Битола, ниту стадион, ниту затворен базен, ниту улици се асфалтирани. Уште 4 месеци има Талески на власт, за толку време ќе ги направите? Како можете од петни жили на крајот на мандатот да го браните. Битола ќе биде запаметена како град со еден капитален проект, а тоа е притворот на Талески“, рече Илиевска.

    Од владеачкото мнозинство изјавија дека буџетот е развоен со зголемена ставка за капитални проекти. Игор Хаџиевски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека стадионот ќе почне да се гради, а се обезбедуваат и средства за спортските клубови. Виолета Ковачевиќ од истата партија порача дека во тек се многу инфраструктурни проекти и додаде „нема да ви дозволам да го осуетите асфалтирањето на улицата Широка”. Талески на беше присутен на седницата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира