ЕКОЛОГИСТИТЕ БАРААТ СУСПЕНЗИЈА НА ПЛАНОВИТЕ ЗА ГРАДБА КАЈ ЕЗЕРО МЛАДОСТ ОТИ ЈА ЗАГРОЗУВААТ СТАБИЛНОСТА НА БРАНАТА

    ЕКОЛОГИСТИТЕ БАРААТ СУСПЕНЗИЈА НА ПЛАНОВИТЕ ЗА ГРАДБА КАЈ ЕЗЕРО МЛАДОСТ ОТИ ЈА ЗАГРОЗУВААТ СТАБИЛНОСТА НА БРАНАТАЕкологистите се против градење објекти на Езеро Младост. (Фото: СДК,.МК)

    Екологистите од еколошкото друштво Вила Зора, по разгoворите со стручни лица дошле до заклучоци за проблеми кои може да се појават при продажба на дел од плацовите околу Езеро Младост. Поради тоа, поднеле документ до Советот на Општина Велес околу натамошната постапка за градење, но досега не добиле одговор.

    „Имаме два барања, за суспензија на Деталните урбанистички планови (ДУП). Причина е што местоположбата на едната парцела е што таа е на карпа и за таму да се гради мора таа да се руши. Ако се употребува експлозивно средства постои реална можност да се наруши стабилноста на браната на езерото Младост, која е на стотина метри. Второто барање е што на друга парцела во друг ДУП има далновод за струја. Тој мине низ средина на парцелата. За отуѓување на таа парцела ќе биде потребна согласност од ЕВН и МЕПСО. Или при случај на било каков дефект, како овие компании ќе може да реагираат, ќе бараат ли согласност од новиот иден сопственик на парцелата, кој таму може да изгради мотел, хотел“, вели Сашка Коцевска од Вила Зора.

    Таа потенцира дека во благодатите на езерото треба да уживаат посетителите не само од Велес, туку и од другите градови кој доаѓаат да го посетат. Нивен став е дека поради тоа не е потребна натамошна негова бетонизација или отуѓување на градежно земјиште за изградба на туристички објекти.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира