ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВЕЛОСИПЕДИ ШТО ОПШТИНА ВЕЛЕС ГИ НАБАВИ ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ И ОВА ЛЕТО ОСТАНАА НЕКОРИСТЕНИ

    ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВЕЛОСИПЕДИ ШТО ОПШТИНА ВЕЛЕС ГИ НАБАВИ ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ И ОВА ЛЕТО ОСТАНАА НЕКОРИСТЕНИНабавката на 20 електрични велосипеди чинеше 2,7 милиони денари (Фото: СДК.МК)

    Наспроти најавите дека електричните велосипеди, дадени на користење на ЈП Парк-спорт и паркинзи (ЈППСП), ова лето ќе бидат во функција, тоа не се случи. Согласно одлуката за нивно предавање, ЈППСП пролетоска најави дека ќе можат да се користат од две локации, но електричните велосипеди останаа во холот на спортската сала „Гемиџии“.

    „Со цел да пронајдеме можност да ги ставиме во употреба овие 20 електрични велосипеди, до Советот на Општина Велес доставивме план и програма за работа и изнајмување на електричните велосипеди за 2023 и за начинот на нивно користење од страна на граѓаните и сите посетители на езерото Младост. Советот го усвои на својата седница од 26 мај. Поради тоа што од Општина Велес не добивме одговор, ниту финансиски средства кои ни беа одобрени на 26 мај, поднесовме барање за одржување на електричните велосипеди и иницијатива за нивно бесплатно изнајмување, со цел нивна промоција, со претходно задолжително сервисирање оти две години не беа користени. Досега немаме добиено средства од Општина Велес, па ЈППСП нема можност за реализирање на овој план и програма“, соопштија од ЈППСП.

    Инвестицијата за набавка на 20 електрични велосипеди беше во вредност од 2,7 милиони денари, вклучувајќи смарт брави за заклучување, софтверско решение и апликација за корисниците. Средствата беа обезбедени од грант на ЕУ во рамките на проектот „Паметно езеро Младост“. Беа набавени во септември 2021.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира