ФАЌАЧ НА КРСТОТ СТАНА ШЕФ НА КАБИНЕТОТ НА ОХРИДСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК

    ФАЌАЧ НА КРСТОТ СТАНА ШЕФ НА КАБИНЕТОТ НА ОХРИДСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИКФаќачот на крстот Иван Лотески доаѓа на местото на Илија Пиперкоски, досегашниот шеф на кабинетот на градоначалникот, задолжен за односи со јавноста. (Фото: СДК.МК)

    Адвокатот Иван Лотески, кој е познат како фаќач на светиот крст за време на Богојавление, е нов шеф на кабинетот на охридскиот градоначалник Константин Георгиески.

    Тој доаѓа на местото на Илија Пиперкоски, досегашниот шеф на кабинетот на градоначалникот, задолжен за односи со јавноста.

    Пиперкоски на ова функција беше назначен во времето на покојниот градоначалник Јован Стојаноски и во негово време се случи Стојаноски да чита поздравен говор на значаен собир, кој веќе го читал неговиот претходник Никола Бакрачески. Неговиот гаф беше објавен и во светските медиуми, пред сѐ „Би-Би-Си“.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира