ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ОТИШЛА ДОМА КАЈ РАКОВОДИТЕЛКАТА НА СЕКТОРОТ ЗА УРБАНИЗАМ НА ГРАД СКОПЈЕ, АРСОВСКА ВЕЛИ ЈА ЗАПЛАШУВААТ НАМЕСТО ДА ГО АПСАТ ГАНИУ

    ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ОТИШЛА ДОМА КАЈ РАКОВОДИТЕЛКАТА НА СЕКТОРОТ ЗА УРБАНИЗАМ НА ГРАД СКОПЈЕ, АРСОВСКА ВЕЛИ ЈА ЗАПЛАШУВААТ НАМЕСТО ДА ГО АПСАТ ГАНИУАрсовска денеска отиде во Финансиската полиција да побара заедно со заменик-директорот Илбер Имери од „Вреди“ да одат дома кај Висар Ганиу, за да постапат за криминалите кои ги прави. (Фото: Принтскрин од видео на Фејсбук)

    Финансиската полиција денеска отишла дома кај раководителката на Секторот за уредување и планирање на Град Скопје Ивана Бајкова-Шаља и ја повикала да дојде да даде исказ за одреден предмет од пред неколку години, кажа денеска градоначалничката Данела Арсовска. Таа рече дека со ова функцонерите на „Вреди“ кои се власт ѝвршат притисок и ја заплашуваат Бајкова-Шоља, бидејќи таа кажа дека зградите дивоградби во Чаир се небезбедни и оти може да се случи уште поголема трагедија од онаа со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани со 62 жртви.

    Арсовска денеска отиде во Финансиската полиција да побара заедно со заменик-директорот Илбер Имери од „Вреди“ да одат дома кај Висар Ганиу, за да постапат за криминалите кои ги прави.

    „Утрово по брза постапка отидовме дома кај Ивана, а кај Висар и Изет не одите. Како бе, Илбер, по дома им одите на луѓето да ги заплашувате? Ако сакате некакви информации ќе си дојдете кај нас во Град Скопје и ќе си побарате, а не по дома да им одите и да заплашувате жени. Како експресно отидовте кај Ивана, а за Вики десет дена објавувам докази за криминал и никому ништо? Што не им отидете дома на Висар и Изет за да ги донесете на разговор?“, рече Арсовска во видеото кое попладнево го објави на нејзиниот фејсбук профил од пред Финансиската полиција.

    Таа влезе во зградата на Финансова полиција и бараше да биде примена од заменик-директорот Имери. По кусо време обезбедување ѝрече дека Имери е на одмор.

    „Се пресметувате бранејќи криминалци со чесни луѓе, нели ви е срам, никој не ви се плаши тука. Ние фативме 150 ваши дивоградби, вие треба да се плашите. Овој едниов се спремал ќе бега преку граница, и да бегаш бе Ејупе, побрзо да побегнеш зошто сите документи што си ги потпишал ти ги имаме и од утре ќе ти ги објавувам. Исто важи и за вас Висар и Изет“, рече Арсовска и обвини дека Ганиу во Катастарот за недвижности ги брише сите предмети од систем.

    Арсовска две недели објавува дивоградби на Чаир и го обвинува градоначалникот Ганиу дека незаконски, со фалсификувани документи легализира згради.

    Ганиу вчера на прес-конференција рече дека секаде во Скопје имало дивоградби не само во Чаир, а ако имало нешто незаконско во неговото работење институциите нека постапат.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира