ФИРМА ИСКОПАЛА ДУПКА И ФРЛАЛА ОПАСЕН ОТПАД ВО ГАЗИ БАБА, ГО ПОТКОПАЛА ДАЛНОВОДОТ ЗА СТРУЈА, СООПШТИ ГРАД СКОПЈЕ

    ФИРМА ИСКОПАЛА ДУПКА И ФРЛАЛА ОПАСЕН ОТПАД ВО ГАЗИ БАБА, ГО ПОТКОПАЛА ДАЛНОВОДОТ ЗА СТРУЈА, СООПШТИ ГРАД СКОПЈЕФирмата која прави дива депонија и каде се експлоатира, го има поткопано 110 кабловски и воздушен далновод кој го напојува со електрична енергија градот Скопје.(Фото: Град Скопје)

    Инспекторатот на Град Скопје денеска во општина Гази Баба фати фирма која копала огромна дупка за во неа да фрла ѓубре и опасен отпад. Како што соопштија од Град Скопје, на локацијата се вршеле нелегални активности, правење огромна дива депонија со градежен и опасен отпад и бесправна експлоатација на земјиште, без лиценци, елаборати, дозволи и одобренија, што претставува сериозна опасност по здравјето на граѓаните и животната средина.

    „Апелираме до Министерството за внатрешни работи да постапи, бидејќи неказнивоста и непостапувањето предизвикува сторителите на вакви дела да мислат дека се недопирливи пред законот. Фирмата која прави дива депонија и каде се експлоатира, го има поткопано 110 кабловски и воздушен далновод кој го напојува со електрична енергија градот Скопје. На ова земјиште сопственост на Република Македонија се прави сериозна штета на главниот далновод, известени се сите надлежни институции за кои очекуваме да не се кријат и да постапуваат“, соопштија од Град Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира