ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ЌЕ ФИНАНСИРА ИДЕИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДЕНОСТА НА ВОЗДУХОТ

    ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ЌЕ ФИНАНСИРА ИДЕИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДЕНОСТА НА ВОЗДУХОТФондот за иновации и технолошки развој има буџет од 100.000 евра наменети за идеи за технолошко решение за намалување на загадувањето, кои треба да потекнат од микро, мали и средни претпријатија; - од презентацијата во Тетово (Фото: СДК.МК)

    Со фонд од 6 милиони денари Фондот за иновации и технолошки развој ќе финансира идеи и идејни решенија со кои ќе се придонесе за намалување на загаденоста. Овие средства се наменети за идеи кои треба да потекнат од микро, мали и средни претпријатија кои ќе понудат технолошко решение кое како резултат ќе има намалување на степенот на загадувањето на воздухот со штетни материи.

    „Сакаме да ги поттикнеме компаниите сами да размислуваат креативно и иновативно и да ги видат можностите кои ги нуди Фондот. Како фонд ние би финансирале идеи и решенија за менување на навиките во сообраќајот, проекти во делот на менување на навиките за загревање, како на пример нови технологии во затоплувањето кои ќе ги намалат штетните емисии на гасови, или нови идеи во делот на урбанизмот и градењето. Ова се трите фокус области за кои очекуваме да добиеме идеи за кои, ако се иновативни, ние како Фонд ќе дадеме средства за нивно развивање“, рече Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој на презентацијата во Тетово.

    Овој караван на Фондот за иновации ќе посети уште неколку градови во Македонија, каде исто така ќе се презентира конкурсот и ќе се работи на поттикнување на претпријатијата да излезат и понудат идеи за намалување на загаденоста на воздухот.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира