Хуманитарната асоцијација „Алзас Македонија-Алма“ со седиште во Стразбур денеска ја достави донацијата од десет нови автоматизирани болнички кревети и колички за Нервното одделение на Клиничката болница во Штип.
Претставниците на организацијата рекоа дека камионот со креветите и количките неколку дена патувал од Стразбур. Ова е нивна четврта ваква акција во Македонија, откако претходно донирале и за Берово, Велес и Скопје.
Директорот на Клиничката болница во Штип, Ален Георгиев, додаде дека со свои средства набавиле над 150 нови душеци за болничките кревети за сите одделенија.
Т. ЈОВАНОВСКИ