ДО ГЛУЖДОВИ ВО ВОДА ЗА ВЛЕЗ ВО БИТОЛСКИОТ БЕЗИСТЕН

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДО ГЛУЖДОВИ ВО ВОДА ЗА ВЛЕЗ ВО БИТОЛСКИОТ БЕЗИСТЕН

    Не само што не заврши конзервацијата и реставрацијата на битолскиот Безистен, туку деновиве и влезовите пливаат во вода. Покривот се уште не е реставриран, па од топењето на снегот се собра вода пред портите и минувачите мораат да газат до глуждови во вода. Зафатот започна пред шест месеци, а досега е молерисана само фасадата.

    Со проектот не е опфатена внатрешноста на покриениот пазар зачуван од 15 век. Таа станува се понедолична за објект кој е заштитен споменик на културата. Таваните се во фаза на распаѓање, а чешмичката наместо за одржување на хигиена прерасна во ѓубралник кој  детално не е исчистен кој знае од кога.

    Токму ваквиот споменик на културата им се нуди за посета на голем број турски туристи кои навраќаат во Битола, како град познат по отоманската архитектура. Деновиве на ваквата состојба реагираше група туристи од Измир кои ги фотографираа таваните и отпадот.

    Во Безистенот се сместени повеќе приватни дуќани. Дуќанџиите велат дека делот од покриениот пазар што е во рамки на нивните дуќани го одржуваат, а останатото е грижа на државата.

    „Ова е споменик на културата. Толку пари се дадоа за ‘Скопје 2014’, а на државата и е проблем да ја реставрира и внатрешноста на еден од најстарите бисери на отоманската архитектура во Битола. Овие дуќани не заработуваат многу за да можат самите да ја заштитат внатрешноста на објектот“, реагира дуќанџијата Никола Стојановски.

    Од битолскиот Завод и музеј, институција задолжена за заштита на културното наследство, од каде и ја вршат реставрацијата и конзервацијата велат дека со проектот ќе биде опфатена само фасадата, а не и внатрешноста. Образложението е дека државата не може да реставрира приватни имоти.

    „Реставрацијата и конзервацијата на фасадта се уште во тек, не може да завршат зашто немаме соработка со одредени сопственици на дуќани.  Едноставно не ги преземаат обврските да ги тргнат каблите што ги имаат поставено на  покривот за да можеме и него да го реставрираме и да нема веќе проблеми со влага во објектот“, вели Зоран Алтипармаков, директор на Завод и музеј.

    Реставрацијата на битолскиот Безистен беше најавувана од 2015 година. Во ноември истата година  според податоците објавени од Бирото за јавни набавки, Завод и музеј од Битола склучил договор со битолска фирма за реставрација на фасадата од Безистенот во вредност од 9,4 милиони денари. Зафатот пак, почна лани летото. Тогаш министеркста за култура Елизабета Канческа Милевска најави дека се планира реставрацијата да заврши до крајот на 2016 година.

    Ж. Здравковска

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира