ГО ЗАПРЕЛА ПОЛИЦИЈА, А ТОЈ ЈА СПУШТИЛ РАЧНАТА КОЧНИЦА, УДРИЛ ВО ПОЛИЦАЈКА И Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ

    ГО ЗАПРЕЛА ПОЛИЦИЈА, А ТОЈ ЈА СПУШТИЛ РАЧНАТА КОЧНИЦА, УДРИЛ ВО ПОЛИЦАЈКА И Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛOткако било запрен од полициската контрола, возачот ја спуштил рачната кочница и возилото продолжило да се придвижува и удрило во полициската службеничка, по што тој ѝ се заканувал. (Фото: СДК.МК)

    Битолската полиција го привела 23-годишниот битолчанец Д. Т. откако бил запрен од контрола, а тој ја спуштил рачната кочница од возилото и удрил во полицајката.

    Од СВР Битола соопштија дека настанот се случил утрово во 3,30 часот на улицата Ѓорѓи Наумов во Битола. Oткако било запрен од полициската контрола, возачот ја спуштил рачната кочница и возилото продолжило да се придвижува и удрило во полициската службеничка, по што тој ѝ се заканувал. Приведен е во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава.

    Ж.ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира