Попладнево голем пожар ја зафати млекарата „ХИТ 73“ во тетовското село Камењане. Како што информираат од ЦУК, во гаснењето на пожарот покрај пожарникарите од противпожарната бригада од Тетово на помош пристигнале и пожарникари и од БППЗ на Град Скопје со две возила, како и пожарникари од Гостивар и Кавадарци.
„Во моментов го локализиравме пожарот, отсековме еден дел од фабриката, сега гори долниот дел од фабриката, поголемиот дел е изгаснат. Спасувавме со багери и слична механизација. Дојдоа пожарникари од други градови, помагаа и локални фирми со цистерни и механизација. Мислам дека целосно ќе биде ликвидиран за неколку часа. Не можам да ви кажам од што избувнал. Штетата е голема, фабриката е со полн капацитет. Фала му на Бога што нема жртви или загрозени“, изјави Авни Амети, командир на ПП Бригада од Тетово.
Според првичните информации пожарот ги зафатил производствените погони на млекарата.
З. АНДОНОВ