Голем пожар ја зафати боровата шума близу Велес, на крстосницата за Башино Село и патот кон езерото Младост.
Огнот избувнал околу пладне, кога пожарникарите од ТППЕ од Велес добиле повик и испратиле екипи да го локализираат. Бидејќи е зафатена голема површина, при што освен дрвја гори и сува трева, Општина Велес побарала од Центарот за управување со кризи во гаснењето да се вклучат и канадери.
Црниот чад од пожарот стигнува и до Велес, а го отежнува и сообраќајот на автопатот на излезот кон Скопје.
П. ПЕЧКОВ