ГОРИ СТАРА КУЌА ДО ЦРКВАТА „СВЕТИ СПАС“ ВО СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА

    ГОРИ СТАРА КУЌА ДО ЦРКВАТА „СВЕТИ СПАС“ ВО СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈАЧадот од пожарот се гледа од повеќе страни на Чаршијата. (Фото: ЦУК)

    Гори стара куќа во близина на црквата „Свети Спас“ во Старата чаршија во Скопје.

    Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али соопшти дека избувнал пожар во 19:43 часот  во старата куќа. Во гаснењето на пожарот интервенираат 12 пожарникари со 4 противпожарни возила.

    Црквата „Свети Спас“ — еден од најзначајните споменици на културата во Скопје, источно од тврдината Кале. Црквата е споменик на културата заштитен со закон, и во неа е саркофагот во кого се сместени посмртните остатоци на македонскиот револуционер и борец за слобода на Македонија Гоце Делчев (1872-1903).

    Засега нема повеќе информации за причините за пожарот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира