ГОРИ „ЖИТО БИТОЛА“

    ГОРИ „ЖИТО БИТОЛА“Пожарот избувнал околу 17,20 часот. (Фото: СДК.МК)

    Попладнево избувна силен пожар во капацитетот за мелнички и пекарски производи „Жито Битола“ во Битола. асега нема извештаи за евентуални жртви.

    Од Битолската пожарна соопштија дека се работи за голем пожар и на терен во гаснењето е вклучен целиот нивен потенцијал, односно седум возила и дваесетина пожарникари. Пожарот избувнал околу 17,20 часот.

    Се слушаат експлозии, а целосно изгоре покривот. Пожарот е многу силен и ќе има огромни штети.

    „Жито Битола“ се наоѓа на периферија на градот, внатре има млин со брашно, пекара и силоси.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира