ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ БЛОКИРА СМЕТКИ АКО ДО 10 НОЕМВРИ НЕ СЕ ПЛАТИ ДАНОК НА ИМОТ ЗА 2019 И 2020  

    ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ БЛОКИРА СМЕТКИ АКО ДО 10 НОЕМВРИ НЕ СЕ ПЛАТИ ДАНОК НА ИМОТ ЗА 2019 И 2020  Проверка на обврските за данок на имот може да се направи на апликацијата за даноци на www.skopje.gov.mk. (Фото: К. Попов)

    На граѓаните кои немаат платено данок на имот за 2019 и 2020 ќе им бидат блокирани сметките, велат од Град Скопје. Од Градот им даваат рок обврските да ги подмират до 10 ноември, во спротивно ќе следи присилна наплата.

    „Со цел да не се создадат дополнителни трошоци за обврзниците кои не ги платиле своите обврски, во постапка за присилна наплата, како и да се избегнат непотребни оптоварувања кои ќе произлезат од блокадите во банките, потребно е сите со неплатени обврски по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година да ги подмират во најкраток можен рок, а најдоцна до 10.11.2022 година“, велат од Град Скопје.

    Сите физички и правни лица  дека може да проверат дали се подмирени обврските по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година со регистрирање на апликацијата за даноци на интернет порталот на Град Скопје www.skopje.gov.mk.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира