ГРАД СКОПЈЕ СТАВА НОВ АСФАЛТ НА УЛИЦАТА ДАМЕ ГРУЕВ, ЗАТВОРЕН ДЕЛ ОД ПОТЕГОТ ЗАД СОБРАНИЕ

    ГРАД СКОПЈЕ СТАВА НОВ АСФАЛТ НА УЛИЦАТА ДАМЕ ГРУЕВ, ЗАТВОРЕН ДЕЛ ОД ПОТЕГОТ ЗАД СОБРАНИЕПо завршување на градежните работи зад Собранието, ќе се реконструира потегот од улица Мекедонија до поранешно „Беко“. (Фото: К. Попов)

    Денеска ЈП „Улици и патишта“ почна со реконструкција на скопската улица Даме Груев зад Собранието. Нов асфалт ќе се става на потегот од улица Македонија до крстосницата со улица 11 Октомври. Овој потег денеска е затворен за сообраќај, бидејќи со градежна механизација се гребе стариот и оштетен асфалт.

    Иако утрово целата улица беше затворена за сообраќај од  претпријатието велат дека десната страна на коловозот е затворена за сообраќај и обележана со соодветна сигнализација.

    „На левата страна од коловозната површина сообраќајот се одвива во нормален тек. Времениот сообраќаен ќе важи до завршување на градежните активности“ ,велат од „Улици и патишта“,

    Оваа е прва фаза на реконструкција на улицата. По завршување на градежните работи зад Собрание ќе се реконструира потегот од улица Македонија до поранешно „Беко“.

    Покрај поставување на нов асфалт се реновираат и пешачките патеки и се поставуваат нови рабници.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира