ГРАДБАТА НА ПОЛОШКИОТ МАНАСТИР НАПРАВИ ДЕПОНИЈА НА ТИКВЕШКО ЕЗЕРО

    ГРАДБАТА НА ПОЛОШКИОТ МАНАСТИР НАПРАВИ ДЕПОНИЈА НА ТИКВЕШКО ЕЗЕРОДепонијата ја забележаа и фотографираа кавадарчаните Бранко Трајковски и Димитар Пецов кои реагираа на социјалните мрежи

    Депонија од градежен материјал ​ и шут кои останале при градбата во кругот на Полошкиот манастир е расфрлана на брегот на Тиквешкото Езеро. Депонијата ја забележаа и фотографираа кавадарчаните Бранко Трајковски и Димитар Пецов кои реагираа на социјалните мрежи.

    Од Општина Кавадарци велат дека знаат за проблемот и во моментов „сѐ уште трае обезбедувањето на податоци за случајот“.

    Полошкиот, е еден од најзначајните манастири во кавадаречко, со црквата „Свети Ѓорѓи“, бисер на средновековната уметност. До манастирот се доаѓа само по воден пат.

    ​Во Полошкиот манастир е сочуван редок пример на црковна резба – полилејот, црковен лустер изработен во дрво, резба во 1492 година и според многумина истражувачи претставува најстара датирана резба во Македонија.

    Од Повардарската Епархија велат дека не станува збор за депонија, туку се гради конакот и се уредува внатрешниот двор.

    „Во моментов градбата е во завршна фаза. Кога ќе завршат сите градежни активности, сето ѓубре што е направено ќе биде отстрането подалеку од манастирот, на соодветната депонија“, велат од Епархијата.

    С. ДАРУДОВА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира