ГРАДИЛИШТЕ ЗА НОВА ЗГРАДА ЗЈАЕ ОТВОРЕНО И НЕЗАШТИТЕНО КАЈ ОЛИМПИСКИ БАЗЕН ВО СКОПЈЕ

    ГРАДИЛИШТЕ ЗА НОВА ЗГРАДА ЗЈАЕ ОТВОРЕНО И НЕЗАШТИТЕНО КАЈ ОЛИМПИСКИ БАЗЕН ВО СКОПЈЕНа парцелата веќе се поставуваат и темели за зградата, а никаде не стои табла со инвеститорот. (Фото: СДК.МК)

    Отворено градилиште со дупка длабока неколку метри зјае во близина на Олимпискиот базен во Скопје. Парцелата каде се гради нова зграда е целосно отворена, незаштитена со тараби, а се наоѓа веднаш до пешачката улица за излез на булеварот Кочо Рацин. На парцелата веќе се поставуваат и темели за зградата, а никаде не стои табла со инвеститорот.

    Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ вели дека веднаш ќе испрати инспектори на терен за да му издадат налог на инвеститорот да го заштити градилиштето, во спротивно ќе биде казнет.

    „На оваа парцела ќе се гради зграда, издадена е дозвола од Општината согласно новиот ревидиран план за овој дел од градот“, вели Богдановиќ.

    Зградата која буквално ќе биде залепена за соседните куќи е предвидена со Деталниот урбанистички план Ново Mаало, кој беше ревидиран во рамките на мораториумот во март 2019. Тогаш, градоначалникот Саша Богдановиќ кажа дека со измените пред Олимписки базен била избришана маркичка за 6-катница, на државно земјиште, а на другите парцели било зголемено зеленилото.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира