Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов е позитивен на КОВИД-19.
Тој за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека откако вчера имал покачена температура, се тестирал и денеска ги добил резултатите дека е позитивен.
„И покрај сите мерки кои што се превземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од КОВИД-19. Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому. Клиничката слика е добра, со благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализирање. Ова е доказ дека вирусот не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава“, вели Шилегов.
А. АНТЕВСКА