ГРАФИЧКОТО АТЕЛЈЕ НА ЃОРГИ ЧУЛАКОВСКИ ПОСТХУМНО ДОНИРАНО НА ЛИКОВНАТА АКАДЕМИЈА ВО ШТИП

    ГРАФИЧКОТО АТЕЛЈЕ НА ЃОРГИ ЧУЛАКОВСКИ ПОСТХУМНО ДОНИРАНО НА ЛИКОВНАТА АКАДЕМИЈА ВО ШТИПДонацијата е проследена со изложба на графики и литографии на Чулаковски во уметничката галерија „Безистен“ во Штип (Фото: СДК.МК)

    Графичко ателје на уметникот Ѓорѓи Чулаковски-Ѓото е донирано на Штип две години по неговата смрт и стана дел од Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“. Верица Чулаковска, вдовицата на уметникот, донирањето го спои со отворањето на изложбата „Траги“ во уметничката галерија „Безистен“ во Штип, која содржи триесетина графики и литографии од негови различни творечки циклуси.

    Чулаковски во своето ателје

    „Ателјето на Ѓото претставува алхемиска лабораторија за истражувачките походи на уметникот во кое тој ги помина последните продукциски мигови од својот 72-годишен живот. Изложбата и донацијата се случуваат на неговиот роденден“, рече авторката на изложбата Екатерина Намичева-Тодоровска.

    Донацијата содржи и дел од најзначајните акватинти и сериографии од личната збирка на Чулаковска, со цел во Ликовната академија во Штип да се формира постојана едукативно-графичка работилница со две графички преси, движен графички материјал, штафелаи и други сликарски материјали. Со тоа, сметаат организаторите, ќе биде продолжена и учителската мисија на уметникот која започнала пред повеќе од половина век.

    Ѓорѓи Чулаковски е роден во селото Герман во Егејска Македонија, од каде што со семејството се преселил во Битола. Магистрирал на Ликовната академија во Скопје, по што бил директор на средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“. Зад себе оставил богато творештво, за кое добил голем број меѓународни награди.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира