ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ДАВААТ ПРЕДЛОЗИ ЗА ИЗГЛЕДОТ НА КЕЈОТ ВО ОХРИД

    ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ДАВААТ ПРЕДЛОЗИ ЗА ИЗГЛЕДОТ НА КЕЈОТ ВО ОХРИДНа веб страната на Општина Охрид поставена е Студијата за оценка на влијанието врз животната средина со реконструкцијата на кејот за која граѓаните можат да даваат забелешки.(Фото: СДК.МК)

    Жителите на Охрид ќе даваат предлози за изгледот на кејот во центарот на градот. На веб страната на Општина Охрид поставена е Студијата за оценка на влијанието врз животната средина со реконструкцијата на кејот за која граѓаните можат да даваат забелешки.

    „Во склоп на проектната документација за проектот за реконструкција на Кеј Македонија подготвена е Студијата за влијанието врз животната средина и социјалните аспекти. Заинтересираните граѓани, правни и физички лица можат да ја погледнат електронската верзија на Студијата и забелешките да ги испратат по електронска пошта“, велат од Општина Охрид.

    Реконструкцијата на градскиот кеј ја најави минатата година покојниот градоначалник Јован Стојаноски, а неговиот брат на комеморацијата ги замоли советниците кејот да го носи името на Стојаноски.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира