ГРАЃАНИТЕ СО АКЦИИ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ ГО ПРАВАТ ТЕТОВО ДА БИДЕ „ПОУБОО“

    ГРАЃАНИТЕ СО АКЦИИ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ ГО ПРАВАТ ТЕТОВО ДА БИДЕ „ПОУБОО“Со оваа акција, Ајдучко Маало доби нови бои и цвеќе и беше исчистено (Фото: СДК.МК)

    Кога општинските комунални служби не си ја вршат работата за која се платени, тетовци сами преземаат иницијативи за да ги разубават градот и просторот каде што живеат.

    Граѓанската иницијатива „Поубоо“ од Тетово покрена акција за чистење, уредување и разубавување на паркот во таканареченото Ајдучко Маало. На социјалните мрежи упатија повик за учество во акцијата, на кој се јавија 15-ина лица. Сивите бетонски патеки и оградниот ѕид се украсија со живописни бои, зелените површини се исчистија од смет и се посадија нови садници цвеќе, со што овој парк заличи на вистинска зелена површина во урбана средина. Акцијата на граѓаните ја помогна и ЈКП „Тетово“, кое со свои возила го собра и однесе собраниот смет.

    „Борбата за поубоо маало продолжува. Со овие наши акции сакаме да докажеме дека со малку труд и голема желба можеме да разубавиме секој простор во градот и дека од нас зависи каде ќе живееме“, истакнаа од иницијативата.

    Ова е втора акција на граѓанската иницијатива „Поубоо“ за разубавување на градските површини во Тетово, по онаа во паркот во Саат Маало.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира