Грчките земјоделци го блокираа и граничниот премин Дојрани. До 14 часот овој граничен премин е затворен за секаков вид сообракај, откако стотици земјоделци со механизација го блокираа патот Дојрани-Солун кај местото „Харисо“ во непосредна близина на граничниот премин.
Од граничниот премин Дојран ја потврдија веста дека од грчка страна е блокиран патот при што моторните возила кои излегуваат од земјава се заглавуваат пред грчката граница.
Блокадата на главниот пат до граничниот премин Дојрани е предупредувачки, јавуваат грчките медиуми, кои повикувајќи се на извори од грчкиот синдикат на земјоделци можно е да биде блокиран и железничкиот сообракај кај Идомени
Евзони веќе 12 дена е затворен заради протестите на грчките земјоделци кои бараат намалување на даноците и придонесите за социјална заштита. (В.Т.)