Продолжува блокадата на граничниот премин Евзони од страна на грчките земјоделци. Тие се заканија дека ќе го блокираат или граничниот премин Дојрани или железничкиот сообраќај кај Идомени ако не се сретнат со преставници на Владата на Ципрас за нивните барања. Бараат намалување на даноците, но и високите стапки за социјална заштита, за што веќе десет дена блокираат патишта и гранични премини во соседна Грција.
На граничниот премин Дојран, превозниците со часови чекаат за влез во Македонија. Велат дека транспортните трошоци значително им се зголемени, а доцни и испораката на стока до македонските фирми.
В. Трајков