ГСОЛ ОД БАХАМИ ГО ДОБИ ФЕНИ, ОДЛУЧИ СТЕЧАЈНАТА СУДИЈКА

    ГСОЛ ОД БАХАМИ ГО ДОБИ ФЕНИ, ОДЛУЧИ СТЕЧАЈНАТА СУДИЈКАСо Планот за реорганизација предвидено е основање на две нови компании, едната го продолжува деловното работење на ФЕНИ, а втората ќе се грижи да ги наплати побарувањата (Фото: СДК.МК)

    Стечајната судијка Валентина Ѓоргиевска од Основен суд Велес донела решение со кое се одобрува Планот за реорганизација на стечајниот должник ФЕНИ од Возарци. Него претходно го прифати Собранието на доверители и големиот поранешен комбинат го доби „Глобал спешл опуртунитис“ (ГСОЛ) од Бахамските Острови.

    „Со Планот за реорганизација предвидено е основање на две нови друштва – компании. Едната го продолжува деловното работење на ФЕНИ, го превзема целиот имот ги помирува сите доверители кои се утврдени. Втората компанија ќе се грижи да наплати тоа што ФЕНИ го има како побарувања. Двете компании заеднички одговараат за сите обврски кои треба да се исплатат, согласно оваа стечајна постапка. Во ФЕНИ се инвестирани сериозни средства, можеби најголема кеш инвестиција во Македонија последните години, вложени се околу 80 милиони евра. Тоа се инвестиции директно влезени од странство“, кажа адвокатот Кристијан Поленак, правен застапник на ГСОЛ.

    „Ова е голем ден за ФЕНИ, бидејќи привршува еден процес кој траеше повеќе месеци. Од првиот ден на нашето влегување во Македонија, имавме една цел ФЕНИ да стане најуспешен производител на феро-никел во Европа“, изјави Маркос Камхис директор на ГСОЛ.

    Ако пред шест месеци работниците беа против влегувањето на ГСОЛ, имаше протести и блокади, сега по половина година вработените во ГСОЛ видоа спас.

    „Не бевме против ГСОЛ, туку бевме против отворање на стечај. Среќни сме што Планот е прифатен, оти тоа е иднината за сите нас вработени и излегувањето од стечај. Тоа што другата страна говори за отворање на рудникот ‘Ржаново, тоа е завршена работа. Тој е затворен со мало количество на квалитетна богата руда, напуштен е и во него нема иднина“, рече Душко Николовски, претседател на синдикатот во АД ФЕНИ во стечај.

    Незадоволни доверители со признаено право на глас, имаат право да се жалат на решението на судијката.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира