И ЛЕТОВО НЕМА ДА РАБОТИ АКВА ПАРКОТ ВО СКОПЈЕ

    И ЛЕТОВО НЕМА ДА РАБОТИ АКВА ПАРКОТ ВО СКОПЈЕАква паркот беше отворен во 2015 година, а не работи од 2024. (Фото: СЦ „Борис Трајковски“)

    Аква паркот што е дел од СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје и ова лето нема да работи. Како што вели директорот на спортскиот центар Даниел Апостоловски, потребна е целосна санација на објектот и реквизитите, но оваа година нема пари за таква инвестиција.

    „Аква паркот го наследив во очајна состојба. Потребни се милион евра да се реконструира, а оваа година сме насочени кои реновирање на базенот. За жал, и ова лето паркот ќе биде затворен“, вели Апостоловски.

    Аква паркот е затворен во 2024 година и не остварува никакви приходи. Според ревизорскиот извештај за работата на СЦ „Борис Трајковски“, одлуката за затворање е донесена поради економска неисплатливост и истечен десетгодишен гарантен рок на реквизитите и опремата. Во 2023, Аква паркот остварил приход од 4,29 милиони денари, што е 41% помалку од планираното.

    Аква паркот беше отворен во 2015 година пред почетокот на летната сезона. Има 10 тобогани, базен за деца, базен со бранови, мрзлива река, административна зграда и кафуле.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира