И НОЌЕ СЕ КАРААТ ЗА ЗОНСКОТО ПАРКИРАЊЕ ВО БИТОЛА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    И НОЌЕ СЕ КАРААТ ЗА ЗОНСКОТО ПАРКИРАЊЕ ВО БИТОЛА

    Ги стемни битолските советници во општинската сала, а се уште не завршила дискусијата за раскинување на договорот за зонското паркирање во Битола. Маратонската седница започна претпладне во 11 часот и се уште трае.  Дел од советниците од опозицијата бараа седницата да продолжи друг ден кога ќе бидат присутни и повеќе новинарски екипи за јавноста да се запознае со проблемот. Но, темата беше оставена како 39 точка на дневниот ред од вкупно 43 точки.

    Советниците од  опозицијата бараат раскинување на договорот за јавно-приватно партнерство меѓу општината и фирмата „Стентон градба“ заради неправилности и пропусти во работењето на фирмата.

    „Тие им наплаќааат на граѓаните, а условите во кои паркираме не се на потребно ниво. Има и непочитување на техничките пропусти, манипулирање со граѓаните околу цената на чинење на паркингот и ред други неправилности“, изјави Горан Козаров, советник од СДСМ.

    Опозицијата обвини и дека концесионерот реиздавал делови од површините за зонско паркирање на други корисници.

    Од советничкото мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека забелешките се од техничка природа и не треба да се раскине договорот.

    „Целта не е да се запре зонското паркирање, туку да се замени партнерот со некој друг според нивната математика. Аргументите се неосновани, но има и заеднички забелешки кои ги констатиравме и и дадовме надлежност на комисијата која е надлежна за спроведување на договорот да постапи на терен и да се отстранат“, изјави Игор Хаџиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

    Запрашан дали и дупките на асфалтот на паркинзите се технички недостаток, тој одговори потврдно и рече дека треба да бидат закрпени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира