И ПОКРАЈ ЗГОЛЕМЕНИОТ ИНТЕРЕС ПОРАДИ ЕПИДЕМИЈАТА НА ГОЛЕМА КАШЛИЦА, ОПФАТОТ НА ВАКЦИНАЦИЈА ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ВО ВЕЛЕШКО ОПАДНА БИДЕЈЌИ БОЛНИТЕ ДЕЦА НЕ МОЖЕЛЕ ДА БИДАТ ВАКЦИНИРАНИ

    И ПОКРАЈ ЗГОЛЕМЕНИОТ ИНТЕРЕС ПОРАДИ ЕПИДЕМИЈАТА НА ГОЛЕМА КАШЛИЦА, ОПФАТОТ НА ВАКЦИНАЦИЈА ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ВО ВЕЛЕШКО ОПАДНА БИДЕЈЌИ БОЛНИТЕ ДЕЦА НЕ МОЖЕЛЕ ДА БИДАТ ВАКЦИНИРАНИОваа седмица во тек е Европската недела на имунизација, во кој е вклучен и Здравствениот дом од Велес. (Фото: СДК.МК)

    Ако Велес со околните општини, Градско и Чашка беше со висок опфат на вакцинирани деца, бројката последните години е во опаѓање. Така, лани таа беше 80 отсто во претшколска возраст, 70 во градот и 90 во селата, додека во школска возраст опфатот е висок, 95 отсто. Поради епидемија на голема кашлица во некои општини зимава, имаше зголемена вакцинална кампања, во Велес иако имаше зголемен интерес и зголемен број вакцинирани деца, опфатот се намали.

    „Изминатиот период вакциниравме голем број деца, кои заостануваа посебно со ревакцина. Тоа беа деца над двегодишна возраст, имаше случаи и на деца од пет и шест години, кои ќе тргнуваат на училиште а не беа вакцинирани со потребните вакцини. Иако вакциниравме голем број деца, процентот не се покачи, дури е и понизок од ланскиот.За трета доза опфатот е 83% а за прва ревакцина 78%. Тоа е така со години, во првото тромесечие, бидејќи во овој период се бележат голем број настинки температури, респираторни инфекции, поради што децата не можат да примат вакцина. Затоа тие кои не биле вакцинирани во зимските месеци, се вакцинираат пролетва, кога ги примат потребните дози, па процентот во јули ќе скокне“, кажа д-р Марина Тодоровска од службата за превентива на деца од претшколска возраст при ЈЗУ Здравствен дом.

    Во Велес во март беа откриени два случаи на голема кашлица, кај пациенти на 6 и 32-годишна возраст, кои останаа како изолирани и бројката на заразени лица не се покачи

    „Во градинките се згрижуваат деца, кои скоро сите се вакцинирани. По проверката на нивните вакцинални картони, тие што не беа вакцинирани, се додека не ја примија, на се згрижуваа во градинка. Тоа е место за групен престој и голем ризик за пренос на инфекции“, вели д-р Тодорoвска.

    Оваа седмица во тек е Европската недела на имунизација, во кој е вклучен и Здравствениот дом од Велес. Од 24 април до 1 мај се работи на неколку активности, едукација на населението, вакцинација на деца кои не се вакцинирани, посета на реони во градот каде постојат индиции дека има деца кои не се имунизирани.

    „Се работи на теренска вакцинација на деца од школска и претшколска возраст, со регуларни дози на вакцинација, деца со пропуштени дози, како и пронаоѓање на досега невакцинирани неевидентирани деца. Во текот на посетите на селата од околината на градот, но и неколку реони од Велес, каде има Ромска популација, вакцинирани се повеќе дечиња. Пронајдовме една повеќедетна фамилија која во Велес се доселила од друго место, и децата воопшто досега не биле вакцинирани. Започнавме да ги вакцинираме по ‘кеч ап’ вакцинација, вакцинација на пропуштени дози“, вели д-р Тодоровска

    П. ПЕЧКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира