ИМА ИНДИКАЦИИ ДЕКА ИВАНОВ ЌЕ ГО ДАДЕ МАНДАТОТ, ВЕЛИ ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ТИМОНИЕ

    ИМА ИНДИКАЦИИ ДЕКА ИВАНОВ ЌЕ ГО ДАДЕ МАНДАТОТ, ВЕЛИ ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ТИМОНИЕФранцускиот амбасадор Кристијан Тимоние попладнево ја посети поставката во Народниот музеј Куманово, а потоа се сретна со градоначалникот Зоран Дамјановски во Општина Куманово. (Фото: СДК.МК)

    Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние вели дека има индикации претседателот Ѓорге Иванов да го даде мандатот за состав на влада на парламентарното мнозинство, предводено од лидерот на СДСМ Зоран Заев. Според него, првиот чекор е направен со изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието и, како што кажа, сега е време земјата да се врати на добар пат.

    „Го поминавме првиот чекор и сметам дека треба да се вратиме на добар пат. Има индикации мандатот да биде предаден за формирање нова влада, тоа беше декларацијата на претседателот на државата“, изјави Тимоние по посетата на Народниот музеј во Куманово и средбата со кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски.

    За нападот во Собранието на 27 април, францускиот амбасадот кажа дека сега е време да се поправи лошата слика што ја остави Македонија во целиот свет.
    „Треба да се каже дека сликата што е дадена за Македонија во целиот свет со настаните во Собранието беше доста лоша и сега на некоја начин треба сето тоа да се поправи. Не се работи за тоа да дадеме некаква оценка, нашата историја на Франција беше исполнета со епизоди кои во себе имаа многу бура, но секогаш има можност одново се дигнете, да бидете посилни и да научите нешто од вашите претходни грешки. Треба граѓаните да се чувствуваат дека се сите Македонци, дека имаат сите еден општ интерес, еден ден, денес или утре, да имаат европски пасош“, додаде Тимоние.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира