На одбележување на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи со Казахстан, денеска беше отворена казахстанската амбасада во Скопје. Амбасадорот Сатибалди Буршаков кажа дека со отворањето на амбасадата ќе се зголеми билатералната соработка меѓу двете земји.
„Казахстан и Северна Маледонија се земји кои ја стекнаа својата независност во 1991 година. Со нетрпение очекуваме да соработуваме за зголемување на билатералната трговија и соработка. Има многу можности за соработка во енергетика, транспорт, земјоделие, трговија. Со заедничка работа се стигнува далеку. Убеден сум дека ќе постигнеме многу, пред нас се отвараат нови хоризонти за партнерство”, рече амбасадрот Буршаков.
Македонската амбасада во Казахстан е отворена во 2014 година.
Казахстан, чиј најголем дел е во Централна Азија, а мал дел во Источна Европа, има 20 милиони жители и е деветтата најголема земја во светот по површина и најголемата земја без излез на море. Главен град е Астана, додека најголемиот град и водечки културен и комерцијален центар е Алма Ата.