ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛАА ТАКСИСТИТЕ ВО ОХРИД, КАЗНЕТИ 3 КОМБИЊА И 7 ТАКСИ ВОЗИЛА

    ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛАА ТАКСИСТИТЕ ВО ОХРИД, КАЗНЕТИ 3 КОМБИЊА И 7 ТАКСИ ВОЗИЛАКонтролите ќе продолжат и во текот на наредниот период со цел да се поодбрат услугите во авто-такси превозот во Охрид. (Фото: СДК.МК)

    По бројните поплаки на граѓаните и туристите кои престојуваат во Охрид, за таксистите кои не се расположени да возат на пократки реалции и наплаќаат дупло повеќе од законски утврдената сума, денеска овластени инспектори од Одделението за инспекциски надзор при општина Охрид и Управата за јавни приходи, со асистенција на СВР Охрид спроведоа теренски контроли на охридските авто-такси превозници.

    Во текот на инспекцискиот надзор, констатирани се прекршоци на законските одредби кај три 3 комбиња и 7 такси возила, при што се изречени соодветни санкции за сопствениците.

    Ваквите заеднички контроли ќе продолжат и во текот на наредниот период со цел да се поодбрат услугите во авто-такси превозот во Охрид.

    Проблемите со таксистите во Охрид, кои одбиваат да возат на кратки релации, наместо по таксиметар се пазарат со клиентите, ги селектираат, а неретко и се расправаат со нив, се провлекуваат со години.

    „Живеам на далечина каде нормално по таксиметар треба да платам 150 денари. Половина час се убедував некој да ме однесе, но повеќето не прифаќаа тоа да го направат за помалку од 500 денари. По галамата која се направи, неколку од нив беа и непристојни, еден од таксистите се понуди да не вози по таксиметар. Ова стварно е голема штета за Охрид како туристичко место“, вели една охриѓанка.

    Граѓаните често револтот и незадоволството го изразуваат и со коментари на социјалните мрежи. Оние такси-возачи кои ги почитуваат законските процеси велат дека се жртви на нелојална конуренција која не само што им го урива имиџот, туку предизвикува огромна штета како на такси компаниите, така и на туризмот.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира