ИСКРИ ПРИ СЕЧЕЊЕ МЕТАЛ ПРЕДИЗВИКАА ПОЖАР ВО ВЕЛЕШКА ТОПИЛНИЦА, ВЛАСТИТЕ УВЕРУВААТ НЕМА ОПАСНОСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ

    ИСКРИ ПРИ СЕЧЕЊЕ МЕТАЛ ПРЕДИЗВИКАА ПОЖАР ВО ВЕЛЕШКА ТОПИЛНИЦА, ВЛАСТИТЕ УВЕРУВААТ НЕМА ОПАСНОСТ ЗА ГРАЃАНИТЕПожарот бил изгаснат за половина час

    Оган и густ чад кои претпладнево беа забележани во објектот на некогашна Топилница ги уплашија велешани. На самото место биле две возила на противпожарната единица и шестмина пожарникари, кои постапиле по пријава на граѓанин, не на лицата кои се задолжени за обезбедување на Топилницата.

    „Имаше пожар, предизвикан од сечење метал. Искрите зафатиле еден силос висок 10-ина метри. Огнот беше локализиран за половина час. Да ја смирам јавноста, во поранешна Топилница нема никаков материјал кој е опасност по здравјето и животите на велешани, така што сè беше брзо санирано“, рече Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ Велес.

    На самото место бил и претставник на локалната власт, задолжен за животна средина.

    „Во кругот на Топилницата се извршува сечење метал. При една таква операција, денеска од искри бил зафатен силос, а огнот беше локализиран од страна на противпожарната единица“, рече Билјана Манаскова Шуркова, раководителката на Одделението за животна средина во Општина Велес.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира