ИСКРШЕНИ КАБИНИТЕ И ОПРЕМАТА НА ЌУМУРНОТО ИГРАЛИШТЕ ВО БИТОЛА

    ИСКРШЕНИ КАБИНИТЕ И ОПРЕМАТА НА ЌУМУРНОТО ИГРАЛИШТЕ ВО БИТОЛАИскршени се кабините наменети за играчите, настрешниците, извиткани се железата од стативите и искорната е жичаната ограда (Фото: СДК.МК)

    Ќумурното игралиште во Битола синоќа е демолирано. Искршени се кабините наменети за играчите, настрешниците, извиткани се железата од стативите и искорната е жичаната ограда. Ова не е првпат вадали да дивеат на игралиштето кое е смесетно веднаш под спортската сала во Битола. Местото навечер е свртилиште на малолетници кои ја корнат оградата и внатре се забавуваат носејќи храна и алкохол.

    Со Ќумурното игралиште управува Општина Битола, а го одржува Јавното претпријатие „Комуналец“. Директорот на „Комуналец“, Панде Богоевски за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека нивен работник игралиштето го заклучува во 22 часот заедно со јавните тоалети до теренот. Вратите се заклучени, а малолетни лица на возраст околу 15 до 16 години по 22 часот ја корнат оградата и влегуваат внатре да се забавуваат, а понекогаш и да дивеат.

    „Чистиме, метеме, санираме, поправаме, одржуваме колку што можеме. Наши вработени секој ден го збираат сметот што младите го оставаат на игралиштето. Удирале дури и по прозорецот од јавниот тоалет. Внатре во игралиштето се гасат цигари, се оставаат пластични шишиња, стакло“, вели Богоевски.

    За утре договорена е средба со претставници од битолскиот Совет за да се најде решение, а се размилсува да се стави и редарска служба, како и да се разговара со младите кои таму се собираат.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира