ИСКРШЕНИ НАД 100 СТОЛЧИЊА НА АМФИТEАTAРОТ НА БИБЛИОТЕКАТА ВО ШТИП

    ИСКРШЕНИ НАД 100 СТОЛЧИЊА НА АМФИТEАTAРОТ НА БИБЛИОТЕКАТА ВО ШТИПВандалите ги преполовиле столчињата на новиот отворен амфитеатар, изграден пред три години (Фото: СДК.МК)

    Непознати сторители вчеравечер кршеле столчиња на отворениот амфитеатар на НУБ „Гоце Делчев“ во Штип, кој беше изграден пред три години. Од 240 столчиња, речиси половина се искршени.

    „Ова не е првпат столчињата да се кршат. Вандализмот е постојан. Пред неколку месеци беа искршени повеќе столчиња и сторителите беа фатени, но како што било договорено со органите на прогонот, случајот завршил спогодбено сторителите или нивните родители да ја надоместат штетата со поставување нови столчиња“, вели директорката на библиотеката, Благица Спиридонова.

    Таа очекува и овојпат да бидат откриени и фатени сторителите, во што може да помогнат и камери, затоа што целиот простор околу библиотеката е под видеонадзор. Амфитеатарот нема да биде во функција во наредните месеци, сè додека не се доведе во првобитната состојба.

    „Библиотеката нема финансии за надоместување вакви штети, но ќе се направат напори амфитеатарот да биде функционален до наредната пролет, за кога се планирани повеќе настани од областа на културата и библиотечната дејност“, вели Спиридонова.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира