ИСПАД НА ДВА БЛОКА ВО РЕК БИТОЛА, ОД КОМБИНАТОТ ВЕЛАТ ДЕКА ПРИЧИНИТЕЛ Е ТРАФОСТАНИЦА НА МЕПСО

    ИСПАД НА ДВА БЛОКА ВО РЕК БИТОЛА, ОД КОМБИНАТОТ ВЕЛАТ ДЕКА ПРИЧИНИТЕЛ Е ТРАФОСТАНИЦА НА МЕПСООд РЕК Битола објаснуваат дека испадот бил последица на испаѓање на блочните прекинувачи во Трафостаницата 400 - Битола 2 во сопственост на АД МЕПСО. (Фото: СДК.МК)

    Двата блока од електроенергетскиот стожер во земјава, Блоковите 1 и 3 во РЕК „Битола“, денес во 14,16 часот испаднаа од електроенергетскиот систем. Информацијата ја потврдија од РЕК објаснувајќи дека испадот бил последица на испаѓање на блочните прекинувачи во Трафостаницата 400 – Битола 2 во сопственост на АД МЕПСО.

    „Преку таа трафостаница РЕК Битола ја пласира произведената електрична енергија во системот на РСМ. Во РЕК Битола нема детектирани проблеми, а веднаш по отстранувањето на дефектот во трафостаницата од страна на стручните служби на АД МЕПСО, блоковите ќе бидат приклучени на електроенергетскиот систем“, пишува во соопштението испратено од РЕК.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира