ИТАЛИЈАНЦИТЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ЈАГНИЊА ОТИ СТОЧАРИТЕ ГИ ПРЕГОЈУВААТ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Кавадарци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИТАЛИЈАНЦИТЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ЈАГНИЊА ОТИ СТОЧАРИТЕ ГИ ПРЕГОЈУВААТ

    Италијанците сè помалку купуваат јагниња од Македонија затоа што нашите сточари ги чуваат подолго со цел да ги продадат поголеми. Така сточарите преку месото сакаат да добијат повеќе пари, а за сметка на тоа, Италијанците место македонско, купуваат грчко јагне во огромни количини.

    Ова за САКАМДАКАЖАМ.МК го вели Ристо Михајлов, сопственик на кланицата „Серта компани”  од Кавадарци, кого го прашавме каков беше пласманот на македонското јагне пред католички Божиќ, со оглед на тоа што тоа најмногу се извезува за овој празник и за Велигден. Оваа кланица, заедно со прилепската, која има ист сопственик, го даваат најголемиот кланичен капацитет за јагне во државата.

    „Разликата е во тоа што кај нас литар овчко млеко е 30 до 35 денари, а во Грција е евро и пет, евро и десет. Тоа значи дека државата треба да преземе мерки овде. На повеќе млекари да им се одобри да се регистрираат за извоз на млечни производи како тврди сирења во Европската Унија. Со тоа ќе се јави потреба од поголеми количини на млеко. Кога ќе биде поскапо млекото, сигурно дека сточарите ќе се одлучат јагнињата да ги продаваат помали. Профитот нема да го гледаат во јагнето, туку во млекото”, ни рече Михајлов.

    Дополнителен проблем е расниот состав, Грците веќе го имале сменето и вовеле  нова генетика, нов расен состав на овци.

    „Номадското одгледување кај нив веќе е заборавено. Има шталско одгледување на високомлечни раси на овци. Сточарите таму одлично живеат од сточарството. Кај нас од година во година се намалува сточниот фонд. И тие што останаа, се ситни производители. Овде нема  воедначен квалитет. Едно јагне од 15, друго од 35 килограми жива мера. А италијанскиот пазар е специфичен, бара јагне шест до девет килограми без глава. Годинава товаривме за Италија пет камиони, од Струмица нешто исто така. За другите јагниња бараме пласман на други алтернативни пазари. Но, тоа оди се потешко и потешко  и со многу пониски цени. Конкуренцијата од Грција освен со квалитет оди и со пониски цени, бидејќи имаат огромно производство”,  додаде тој.

    Планираат бројката на јагниња за Божиќ да ја заокружат на околу 12 до 13 илјади во двете кланици. Сите јагниња ќе се откупат, нема да остане неоткупено јагне. Но по пониска цена.

    „Сезонава првин ги купувавме прва класа по 150 денари за килограм жива мера на терен.  Втора класа 140 и трета класа 130 денари. Бидејќи завршивме со италијанскиот пазар, на алтернативните пазари цените се пониски па затоа сега откупуваме прва класа за 140, втора 130 и трета за 120 денари. Нема да останат непродадени јагниња. Може само некои да дигаат паника, но нема да останат”, дециден беше Михајлов.

    Имало сезони  кога за Нова година килограм јагне жива мера се купувало од страна на кланицата  и по 220 денари, а се продавало по седум ипол до осум евра. Сега се пласирало за цена од пет евра.

    Според нашиот соговорник, секоја година има пад во производството кога е во прашање овчарството. Таа ситуација, рече,  треба да се промени и да се зголеми сточниот фонд. Во 1992 година Македонија според неговите сознанија, имала два и пол милиона овци. А сега според некоја негова  груба проценка, околу петстотини илјади можеби, а можно е, додаде, да нема и толку.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира