ИЗБИ ПОЖАР МЕЃУ ВОДОЧА И БАНИЦА, СТРУМИЧКО, ИЗГОРЕА ПОМОШНИ ОБЈЕКТИ, ЗЕМЈОДЕЛСКА МЕХАНИЗАЦИЈА И ДОЛГОГОДИШНИ НАСАДИ

    ИЗБИ ПОЖАР МЕЃУ ВОДОЧА И БАНИЦА, СТРУМИЧКО, ИЗГОРЕА ПОМОШНИ ОБЈЕКТИ, ЗЕМЈОДЕЛСКА МЕХАНИЗАЦИЈА И ДОЛГОГОДИШНИ НАСАДИИзгореа повеќегодишни земјоделски насади и земјоделска механизација, но пожарникарите не дозволија да бидат зафатени куќи. (Фото:СДК.МК)

    Попладневно изби пожар во атарите на струмичките села Водоча и Баница, во кој изгореа помошни објекти кои дел се користеле и како викендици, долгогодишни насади, камионска приколка, земјоделска механизација и друго. Од ветрот пожарот се разви во месноста Софилар, накај кој Струмица последниве години се шири.

    Гореа повеќе хектари со сува вегетација меѓу населените места Баница, Водоча и градот, а кои пред десетина години се обработуваа.

    Заради големината на пожарот, освен струмичктие пожарникари во гаснењето се вклучија и екипи од Валандово, Радовиш но и членови на добворволните друштва Струмица и Василево. Освен професионалните противпожарни бригади, во ганењето веа вклучени и од ЈПКД Комуналец но и од други институции како и голем број месно население.

    Пожарникарите не дозволија да бидат зафатени првите куќи од Струмица.

    Станува бор за предел од повеќе хектари со сува вегетација меѓу населените места Баница, Водча и градот Струмица кое пред десетина години се обработуваше.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира