ИЗБРАН НОВ ДИРЕКТОР ЗА ВИНИЧКАТА ГИМНАЗИЈА КАДЕ ЛАНИ НАСТАВНИЦИТЕ ЕДЕН МЕСЕЦ ЈА БОЈКОТИРАА НАСТАВАТА ПОРАДИ НЕЗАКОНСКИ НАЗНАЧЕНА В. Д. ДИРЕКТОРКА

    ИЗБРАН НОВ ДИРЕКТОР ЗА ВИНИЧКАТА ГИМНАЗИЈА КАДЕ ЛАНИ НАСТАВНИЦИТЕ ЕДЕН МЕСЕЦ ЈА БОЈКОТИРАА НАСТАВАТА ПОРАДИ НЕЗАКОНСКИ НАЗНАЧЕНА В. Д. ДИРЕКТОРКАЛани во октомври, поголем дел од професорите цел месец ја бојкотираа наставата зашто градоначалникот незаконски назначи нивна колешка за в. д. директорка. (Фото: СДК.МК)

    Нов директор на гимназијата „Ванчо Прќе“ во Виница е професорот по спорт и физичка култура Зоранчо Ангелов, откако градоначалникот на Виница Миле Петков на 14 јануари ја верификувал одлуката на Училишниот одбор за изборот врз основа на јавен оглас. Лани во октомври, поголем дел од професорите цел месец ја бојкотираа наставата зашто градоначалникот незаконски назначи нивна колешка за в. д. директорка.

    Колективот сега соопшти дека незаконски назначена и за нив непожелна в. д. директорка сега е разрешена и на нејзино место за нов директор со 4-годишен мандат е назначен нивниот долгогодишен колега Ангелов без политички заднини или мотиви и тие се задоволни со сегашното решение.

    „По многу перипетии, претрпени неправди и притисоци врз вработени и нивните семејства од колешката која е професор по македонски јазик и литература, сплотениот мнозински дел од колективот упорно настојуваше неправдите да бидат остранети и назначувањето на нов директор за нас, всушност, значи победа на демократијата“, се вели соопштението.

    Професорите велат дека „по еден макотрпен период“ успеале да покажат и докажат дека „само со сплотеност и обединетост може да има правда и напредок“.

    „Се надеваме дека ќе бидеме пример и зрак надеж за сите коишто се чувствуваат како жртви на системот, како што бевме и ние“, се вели во соопштението.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира