ИЗБРАНИ НОВИ ДЕКАНИ НА ФАКУЛТЕТИТЕ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО ШТИП, ИЗБОРОТ ЌЕ СЕ ПОВТОРИ САМО НА МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ

    ИЗБРАНИ НОВИ ДЕКАНИ НА ФАКУЛТЕТИТЕ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО ШТИП, ИЗБОРОТ ЌЕ СЕ ПОВТОРИ САМО НА МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТРекторот Дејан Мираковски заедно со Сенатот и Ректорската управа на Универзитетот ќе ги верификува изборите за декан. (Фото: СДК.МК)

    Изминатата недела на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се спроведуваше избор на декани на 12-те факултети и на трите академии. Нивните наставно-научни совети (ННС) со тајно гласање ги избраа кандидатите кои во наредните три години ќе ги водат овие високо образовни институции.

    Процедурата сѐ до конечната потврда на изборот продолжува во Универзитетскиот сенат и Ректорската управа кои во наредните денови ќе направат формална верификација на изборните резултати, а примопредавањето на мандатите ќе се изврши на 15 септември, до кога траат мандатите на акутелните декани.

    „Демократските избори на декани на сите факултети и академии значат континуитет на успешен и транспарентен развој на Универзитетот ‘Гоце Делчев‘, кој остварува видни резултати за подобри услови за студирање и успешна соработка на меѓународен план“, вели ректорот Дејан Мираковски .

    Ректорот кажа дека демократски поминал изборот и на Факултетот за медицински науки, но на крајот не се избрал нов декан поради недоволен број гласови. Според одлуката на Советот на овој факултет кој редовно има најголем број запишани студенти, конкуренцијата била голема, па за деканската функција се канидирале петмина професори. Во вториот круг влегле двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови, но во прегласувањето ниеден од нив не го добил потребниот број гласови, па изборот не бил извршен.

    Новиот декан на Електротехнички факултет е проф. д-р Тодор Чекеровски, на Земјоделски факултет проф. д-р Емилија Арсов, на Технолошко-технички факултет проф. д-р Соња Јордева, на Машински факултет проф. д-р Сара Сребренковска, на Факултет за информатика проф. д-р Сашо Коцевски, на Факултет за природни и технички науки проф. д-р Ѓорѓи Димов, на Економски факултет проф. д-р Марија Гогова-Самоников, на Правен факултет проф. д-р Билјана Тодорова, на Факултет за образовни науки проф. д-р Трајче Стојанов, на Филолошки факултет проф. д-р Луси Караниколова-Чочоровска, на Факултет за туризам и бизнис логистика проф. д-р Наташа Митева, на Ликовна академија проф. д-р Слободан Милошевски, на Музичка академија проф. д-р Златка Митева и на Филмска академија проф. д-р Адријана Данчевска

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира