ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ КАЈ СУДСКИТЕ БАРАКИ ВО ГРАДСКИ ПАРК, ПОЖАРНИКАРИТЕ НЕ МОЖЕЛЕ ДА НАЈДАТ ИСПРАВНИ ХИДРАНТИ

    ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ КАЈ СУДСКИТЕ БАРАКИ ВО ГРАДСКИ ПАРК, ПОЖАРНИКАРИТЕ НЕ МОЖЕЛЕ ДА НАЈДАТ ИСПРАВНИ ХИДРАНТИНиту еден од хидрантите во близина на бараките не бил исправен, единствено оној во дворот на новиот објект на Министерството за земјоделство.(Фото: Град Скопје)

    Изгаснат е пожарот кој попладнево изби во старите бараките каде што се наоѓаше Судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје. Изгорени се бараките, а мала штета од топлината на огнот е направена и на салата „Партизан“ и ресторанот „Томче Софка“.

    Ниту еден од хидрантите во близина на бараките не бил исправен, единствено оној во дворот на новиот објект на Министерството за земјоделство.

    „Пожарот беше пријавен во 15.50 часот, и за 6-7 минути стигна првото противпожарно возило. Интервенцијата беше брза и невремена, на терен беа 7 возила и 20 пожарникари. Станува збор за стари бараки од лесно запалив матријал и азебестен покрив и затоа пожарот многу брзо се ширеше. Како и многупати досега и сега имавме проблем да најдеме исправни хидранти“, вели  командантот на скопската Пожарна бригада Владимир Симоновски.

    Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, на Фејсбук објави дека во пожарот нема човечки жртви, ниту повредени.

    „Во бараките ниту се изгорени важни документи, којшто сите претходно се дигитализирани, а ниту па постои опасност на ова место да изникне зграда, бидејќи ова земјиште е во сопственост на државата“, соопшти Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира