ИЗЛОЖБА СО 30 ДЕЛА ОД ГАБИ И ЛИШАИ СЕ ОТВОРА НА ВРВОТ СЕЧЕНА СКАЛА НА БЕЛАСИЦА

    ИЗЛОЖБА СО 30 ДЕЛА ОД ГАБИ И ЛИШАИ СЕ ОТВОРА НА ВРВОТ СЕЧЕНА СКАЛА НА БЕЛАСИЦАЗа струмичката уметница Кристина Зимбакова габите и лишаите се примарно изразно средство вткаени за цртање фигури или составување мозаик (Фото: СДК.МК)

    Струмичанката Кристина Зимбакова утре на врвот Сечена Скала на Беласица, висок 1.740 мнв, ќе ја отвори својата самостојна изложба „Ја извишила фортуната“ со триесетина уметнички дела изработени од габи и лишаи што ги собирала од планината и светот. Станува збор за изложба на отворено на неконвенционален простор, со која Зимбакова сака да ја спои љубовта кон планините и уметноста и да даде придонес кон промовирањето на природните вредности на Беласица.

    Изложбата на врвот Сечена Скала биде отворена точно напладне и делата таму ќе стојат час и половина. За да се стаса до Сечена Скала е потребно возење два часа со теренско возило или пак планинарско печашење од четири часа.

    „На изложбата ќе бидат претставени 33 дела во комбинирана техника создадени во последните две години. Габите и лишаите се примарно изразно средство вткаени за цртање фигури или составување мозаик. Матријалот е собран преку лични теренски истражувања во соработка со бионаучници. Во делата ќе има габи и лишаи од Беласица, од Антарктикот, суптропските предели на Австралија, САД, подножјето на Хималаите“, вели Зимбакова.

    Изложбата на врвот Сечена Скала на планината Беласица ќе биде отворена точно напладне и делата таму ќе стојат час и половина. За да се стаса до Сечена Скала е потребно возење два часа со теренско возило или пак планинарско печашење од четири часа. (Фото: СДК.МК)

    Зимбакова во своето творештво негува интердисциплинарен пристап каде се испреплетени сликарството, поезијата и природните науки, а габите и лишаите се најзастапен медиум. Досега имала самостојни изложби во земјава и во Ирска, а учествувала на бројни групни изложби во Оксфордскиот театар во Англија и Музејот за уметност ,,Ешкенази’’ во САД.

    „Грижливото користење примероци од габи и лишаи од разни делови од светот, стопени во нов, ументички контекст со фигуративен и лирско-експресивен израз има за цел да ја поттикне и свеста за овие прастари, чудесни и загадочни организми“, вели Зимбакова.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира