ИЗОРАНАТА ПАТЕКА КАЈ СТУДЕНЧИШТА ВО ОХРИД 4 МЕСЕЦИ ЧЕКА АСФАЛТ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:43:"Охрид,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИЗОРАНАТА ПАТЕКА КАЈ СТУДЕНЧИШТА ВО ОХРИД 4 МЕСЕЦИ ЧЕКА АСФАЛТ

    Патеката покрај Студенчишта во Охрид, која го поврзува мостот кај каналот со Билјанини Извори, пред неколку месеци ја ископа изведувачот што го ангажира локалната власт, но досега не успеа да постави асфалт. Сега по неа тешко може да се помине, посебно кога времето е врнежливо и се создава кал.Станува збор за патека која е долга неколку стотини метри.

    Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески најави дека патеката ќе биде готова до декември минатата година, но оттогаш поминаа речиси два и пол месеци, а состојбата остана непроменета. Среден е само малиот канал кој е од другата страна на Студенчишкиот.

    Во локалната власт велат дека е точно оти беше најавено дека патеката кај Студенчишта ќе биде готова до декември, но појаснуваат дека имало и објективни причини.

    „Точно е дека патеката требаше да биде заваршена до декември минатата година. Но, се појавија и некои непредвидиливи проблеми. Асфалтните бази од каде што требаше да се донесе асфалт поради ниските температури не го испорачуваа материјалот со кој требаше да се покрие патеката. Затоа пак, малиот канал е речиси среден. Очекуваме дека до јуни патеката кај Студенчишта ќе биде целосно завршена”, велат официјални претставници на локалната власт во Охрид.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира