За пет работни дена, колку што траеше акцијата за расчистување на местото каде се гради новиот противпожарен дом во битолската Касарна, тимот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) пронајде и подигна 2.872 пушки од Балканските војни, пет рачни бомби и две артилериски гранати.
Протехничарот Ѓорги Стефанов кој ја водеше теренската акција рече дека теренот е исчистен, но сепак остава можноста при понатамошни градежни активности да се појави уште некое парче.
Пиротехничарите побараа да им се обезбеде термин во Железара во Скопје каде заостанатото оружје ќе биде уништено.
Ж. ЗДРАВКОВСКА