Камион со штипски регистрации натоварен со вреќи полни со суровина за производство на пластика, на патарината во изградба кај селото Кадрифаково поткачил една од кабините, ја разнел, а кога се превртел кабината и рафтот со компјутерската опрема биле смачкани.
Портпаролката на СВР Штип Гордана Панајотова вели дека ова се случило нешто по 9 часот и нема повредени. Во камионот бил само возачот кој добил лесни телесни повреди, а кабината била празна.
Кога го посетивме местото на несреќата, екипа на крим техника од СВР Штип вршеше увид, а таму беа и преставници на ЈП за Државни патишта кои ги градат двете патарини на автопатот Штип-Миладиновци. Планирано е кабините да почнат со работа при крајот на април или во месец мај.
„Дојдовме да ги продолжиме работите околу ставањето во функција на наплатната рампа кај селото Кадрифаково, но сега ќе чекаме увидот да заврши, камионот да се острани, а потоа ќе утврдуваме што сè треба повторно да се гради“, велат ЈП за Државни патишта.
Сообраќајот на автопатот Штип-Скопје во чија насока се движел и камиониот не бил запрен, затоа што биле пуштени останатите ленти на наплатната рампа кај Кадрифаково.
Т. ЈОВАНОВСКИ